ДИЦК, ДИЦК, ОВЕР ДИЦК!-ПРЕКУТАСЕВСКИ ШОУ

2 days ago
4

Преку Тасевски ШОУ е подкаст шоу на актерот, комичар, писател и политички аналитичар Сашо Тасевски. Во ова шоу тој ги третира политичките и опшествени прашања на нему својствен сатиричен остар јазик, со што ги става на тапет политичарите и нивните постапки.Шоуто е создадено врз база на популарните шоуа од таков вид во САД и светот, но највеќе потсетува на шоуто на Џон Оливер и Зоран Кесиќ.Карактеристика за шоуто е што Сашо го кажува она што го мисли народот и што се плаши да го каже под притисок на 'демократијата' на владеачките структури, независно кој е на власт. Сашо ја става на тапет националната политика и катастрофалните одлуки во надворешната политика на Република Македонија, го коментира здравството со сите негови девијацији во државниот и приватниот сектор, ја коментира полицијата со сета нејзина пристрасност и двојни аршини, катастрофалното корумпирано судство кое носи одлуки по марфиеви правила, културата која се задушува со лошите политики на Владата, како и економијата и стопанството кои се под јаремот на политиката и секојдневно тонат, лошата социјална политика,спортот како чист аматеризам, екологијата која постои само во програмите на партиите, партиските препукувања и прекупувања, потоа ја коментира балканската и светска политика, и на крај дали е земјата рамна и дали постои живот на другите планети, од причина што на оваа не постои, освен нели во слоганот ДОЈДЕ ЖИВОТ. Copyright 2025 Comedy Balkan

Loading 1 comment...