Вековна традиција во Вруток | Магнет за посетители

8 days ago
47

Овој пат Gostivarpress.mk ви преставува една живописна видео приказна од традиција која во гостиварското село Вруток се негува со векови, а е врзана со одбележувањето на празникот Водици.

За вруточани оставена од предците како аманет да ја почитуваат, продолжуваат и пренесуваат на идните генерации, додека за граѓани од други места привлечна и интересна за следење. Оваа специфича прослава на празникот преку која се прикажуваат старински обичаи, адети и народни носии привлекува сѐ поголем број посетители во селото од кадешто извира најголемата река во Македонија, Вардар.

Во видеото имате можност да погледнете кои се уникатните обичаи на одбележување на Водици во Вруток и кои се карактеристичките на селските носии во кои се облечени кумовите на славата, млади невести и дечиња. Исто така, ќе откриеме и кое е значењето на адетот со фрлање и собирање на јаболка во Вардар, кој се практикува единствено при вруточката традиција.

2025 © Gostivarpress.mk

Читајте нè на: https://gostivarpress.mk/

Следете нè на социјалните мрежи:
Facebook - / gostivarpress.mk
Telegram - https://t.me/gpress_telegram
Instagram - / gostivarpress.mk

Loading comments...