Беседа - VIII - Шварцови основни вредности

11 hours ago
1

Во осмата епизода на Беседа ја истражуваме една од најсеопфатните теории за вредностите што ги движат луѓето и општествата – Шварцовата теорија на основните вредности.

Што навистина ја движи човековата природа? Дали вредностите се релативни, или постои универзален систем што ги обликува сите општества? Во оваа епизода навлегуваме во Шварцовата теорија на основните вредности, која открива дефиниран, научно заснован модел на вредностите што ги делиме како човештво.

Ќе ги истражиме деветнаесте основни вредности, нивните односи и како тие влијаат врз нашите избори, ставови и култури. Од моќ и хедонизам, до универзализам и самонасоченост, ќе разгледаме како овие вредности формираат личности, групи, заедници и општества.

Шварцовите основни вредности ги разгледуваме повеќеконцептуално, поврзувајќи ги со философија, духовност и еволуција на свеста. Истражуваме како вредностите ја обликуваат нашата стварност, и како можеме свесно да работиме со нив за личен и колективен развиток.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading comments...