Беседа - VI - Спирална динамика втор дел

4 days ago
1

Во шестата епизода на Беседа го продолжуваме истражувањето на Спиралната динамика, фокусирајќи се на повисоките нивоа на свесност и развиток.

Ги обработуваме жолтото ниво, кој го носи вплотувањето (интеграцијата) на сложеноста и прилагодливоста, и тиркизното ниво, кој ги поврзува системите во една холистичка целина.

Дополнително, навлегуваме во шпекулации за можните идни степени на развиток, разгледувајќи како би можеле да изгледаат над тиркизниот степен и што тие значат за еволуцијата на човечката свест.

3:18 Зошто Спирална динамика се вика така, и што представува спиралата?

Нивоата на Спиралната динамика се (со време кога се обработени во видеото):

А. КОНВЕНЦИОНАЛНИ

БЕЖ - животинска, предконвенционална, преживување
ЛИЛЈАКОВО - заедничарска (алтруистична), племенска, духови на природата
ЦРВЕНО - поединистичка (еготистична), еготистична и кралевска, богови на моќта
СИНО - заедничарска (алтруистична), морализаторска и царска (империјална), сила на вистината
ПОРТОКАЛОВО - поединистичка (еготистична), материјалистичка и научна, личен стремеж и подтик
ЗЕЛЕНО - заедничарска (алтруистична), постмодернистичка и релативизаторска (повеќесветогледна), човекова поврзаност

Б. ПОСТКОВЕНЦИОНАЛНИ

09:28 ЖОЛТО - поединистичка, вплотувачка и системска, прилагодливо течение
19:21 ТИРКИЗНО - заедничарска, холистичка, глобален светоглед
33:32 КОРАЛНО (?) - обединувачка, ?

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading comments...