Беседа - V - Спирална динамика прв дел

1 month ago
4

Во петтата епизода на Беседа навлегуваме во основите на Спиралната динамика, моќен модел за разбирање на човечкиот развиток и еволуцијата на свеста. Започнува со издавањето на книгата наречена „Спирална динамика: совладување на вредностите, водството и промената“ во 1996-тата година од Дон Едвард Бек и Кристофер К. Коуан, кои пак се вдахнати од предходната работа на Чарлс Грејвс.

Ги истражуваме првите шест, конвенционални, нивоа на оваа динамична скала – од примарните нагонски потреби, преку структурираното постоење, па сè до зелениот степен, кој ја нагласува важноста на заедницата и размислувањето кое ги зема предвид различните светогледи.

Низ ова патување, одкриваме како секое ниво носи свои предизвици и можности за раст, обликувајќи ја поединечната и заедничката свест.

Нивоата на Спиралната динамика се (со време кога се обработени во видеото):

А. КОНВЕНЦИОНАЛНИ

12:04 БЕЖ - животинска, предконвенционална, преживување
18:48 ЛИЛЈАКОВО - заедничарска (алтруистична), племенска, духови на природата
27:45 ЦРВЕНО - поединистичка (еготистична), еготистична и кралевска, богови на моќта
39:25 СИНО - заедничарска (алтруистична), морализаторска и царска (империјална), сила на вистината
53:01 ПОРТОКАЛОВО - поединистичка (еготистична), материјалистичка и научна, личен стремеж и подтик
1:05:05 ЗЕЛЕНО - заедничарска (алтруистична), постмодернистичка и релативизаторска (повеќесветогледна), човекова поврзаност

Б. ПОСТКОВЕНЦИОНАЛНИ

ЖОЛТО - поединечна, системска и структурирана, прилагодливо течение
ТИРКИЗНО - заедничарска, холистичка, глобален поглед
КОРАЛНО (?) - обединувачка, ?

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading 1 comment...