Јонче Христовски - Проклета судбино | Jonce Hristovski - Prokleta sudbino | Македонски Песни | Makedonski Pesni | Macedonian Songs

1 month ago
19

Еј, љубов моја, незаборавна,
еј, рано моја, неизлечива.
Колку ѕвезди има на небото,
толку болки носам во срцето.

Проклета судбино, што ми направи,
од верна љубов што ме раздели?

Еј, кај се тие слатки соништа,
бакнежи, песни и милувања?
Еј, кај се сега тие насмевки,
во очи твои, сини, небесни?

Проклета судбино, што ми направи,
од верна љубов што ме раздели?

Еј, мои деној, црни без тебе,
за мене славеј веќе не пее.
Малку среќа чекав, не дочекав,
пуста младост тажна си поминав.

Проклета судбино, што ми направи,
од верна љубов што ме раздели?

Loading comments...