Ако згрешам нека изгорам | Ako zgresam neka izgoram | Еј ридови, сини мориња | Ej ridovi, sini morinja | Македонски Песни | Makedonski Pesni | Macedonian Songs

1 month ago
11

Еј ридови, сини мориња
Ти не плачи мајко што сум далеку и сам,
и не кревај магли, силни јадови,
својот пат, затрупан, сеуште го знам,
ако згрешам, нека изгорам.

Еј ридови, сини мориња,
сам ќе морам да ве пробијам,
еј кораби, назад пловете,
ако згрешам, нека изгорам.

Ќе препливам води, назад ќе се вратам пак,
во градиве едра, распнувам за пат,
огнови високи, сам ќе изодам,
ако згрешам, нека изгорам.

Еј ридови, сини мориња,
сам ќе морам да ве пробијам,
еј кораби, назад пловете,
ако згрешам, нека изгорам.

Loading 1 comment...