Блажена горо, мори зелена / Blazena goro, mori zelena / Виданка Ѓорѓиевска / Vidanka Gjorgjievska | Македонски Песни | Macedonian Songs

3 months ago
2

Блажена горо, мори зелена,
убава Малеш мори планино,
в' лете си полна, мори, овчари,
в' зиме си полна, мори, ајдуци.

Турци во село, море, влегоа,
ајдучка сестра, море, грабнаа,
ајдуци за страв, море, не знаат,
во турско село, море влегоа.

В' бегова куќа море, влегоа,
куќата му ја, море, запалија,
децата му ги, море, грабнаја,
сестра од ропство, море, извадија.

Loading comments...