Кажи Рајне, кажи душо | Kazi Rajne, Kazi Duso | Гоце Николовски | Goce Nikolovski | Македонски Песни | Macedonian Songs

4 months ago
3

Кажи Рајне, кажи душо
кој ти нишан стори
кој ти нишан стори Рајне
на белото лице.

Штом ме прашаш стара мајко
право ќе ти кажам
право ќе ти кажам мајко
без да те излажам.

Сношти беа стара мајко
момци Македонци
се' на бели коњи мајко
ем со жолти узди.

Главатар им беше мајко
мојто прво либе
тој ми нишан стори мајко
на белото лице.

Loading comments...