Premium Only Content
Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат во Македонија
За подобра иднина на децата и младите клучно е да се обезбедат услови за квалитетно образование и понатаму навремено вклучување во пазарот на трудот. Ова, меѓудругото беше истакнато на денешната Локална конференција „Гостивар – Општина посветена на децата“.
На настанот учествуваа претставници на локалната самоуправа, училиштата, невладини организации, млади и деца, а го организираше Првата детска амбасада во светот Меѓаши.
„Ако децата не се задоволни од условите онаму кадешто живеат, учат секако дека ќе размислуваат да заминат. Квалитетното образование е клучно и нивното навремено вработување е неопходно за да ги задржиме и да им дадеме можност да бидат активни граѓани и креатори на политиките. Значи, образование од рана детска возраст, да нема листи на чекање во градинките, извод од матична книга на родени за секое дете, вклучување на сите деца во задолжително образование, прекин на малолетничките бракови, можност за задолжително средно образование и образованието да биде во функција на нивно навремено вработување, со цел да се искористат максимално нивните вештини и капацитети. Треба да се направи се‘ за младите не само да останат тука, Нивниот глас да биде слушнат, тие знаат многу, од децата многу може да се учи. Ним им треба само сигурен простор, можност за да дојдат до израз и да растат во општество во кое се негува не само правото на детето за образование, туку и можноста да биде активен граѓанин“, нагласи Драги Змијанац, претседател и основач на Меѓаши.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кажа дека како локална власт континуирано инвестираат во подобри услови за децата и младите.
„Во Гостивар изминатите 6 и полгодини доста е инвестирано и во градинките и во училиштата, како и во Младински центри. Мислам дека стоиме релативно добро, и предничиме во повеќето општини во Македонија. Ние сме меѓу ретките градови што направиле толку инвестиции и за децата со посебни потреби, веќе во сите училишта има услови за нив што се по сите стандарди. Секој проект што е наменет за деца и млади е добредојден, колку и да направиш за нив, никогаш не е доста.“, рече Таравари.
На конференцијата се дискутираше за теми кои ги засегаат децата и младите како што е врсничкото насилство, правата на децата со посебни потреби, решавање на проблемот со кучиња скитници, како и на важноста на соработката помеѓу училиштето и семејството.
Исто така, групи ученици преку цртежи опишаа како ја гледаат иднината во Гостивар и кои промени би сакале да се направат. Цртежите ги доставија до градоначалникот со задолжение нивните визии и желби да бидат приоритет при идните активности на општината.
Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат во Македонија
-
1:45:25
The Quartering
5 hours agoHuge Update In Cybertruck Attack & Dark New Details From New Orleans Attacker & More!
90.5K46 -
16:04
Tundra Tactical
2 days ago $1.38 earnedHow Palmetto State Armory got so BIG!
27K3 -
13:41
MichaelBisping
8 hours agoBISPING: Jamahal Hill is BEEFING with EVERYONE before UFC 311?! | Hill vs Prochazka
1931 -
12:57
BlackDiamondGunsandGear
1 day agoSingle stack that takes a Double Stack Mag?
27 -
3:21:21
DemolitionDx
5 hours agochecking out multiple games
33K -
2:14:38
Conspiracy Pilled
1 day agoPortal to Hell: The Elisa Lam/Cecil Hotel Case (S5 Ep 12)
40.3K5 -
14:31
DeVory Darkins
2 days ago $8.73 earnedScott Jennings Drops Brutal TRUTH BOMB
38.3K153 -
LIVE
cbsking757
6 hours ago★TANKING RIVALS RANKED! GIFTED SUBS ARE LIVE! #marvel #marvelrivals
144 watching -
4:04:55
Tate Speech by Andrew Tate
13 hours agoEMERGENCY MEETING EPISODE 99 - 2024 - TIME VACUUM
233K112 -
26:14
Breaking Points
6 hours agoSH*TSHOW: FBI Retracts False Info on NOLA Attacker
55.6K30