Ја излези Ѓурѓо | Ja Izlezi Gjurgjo | Јордан Пиперка | Jordan Piperkata | Група Македонија | Grupa Makedonija | Македонски Песни | Macedonian Songs

8 months ago
13

Ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро,
ја излези Ѓурѓо на пенџере.
Ај, ја излези Ѓурѓо на пенџере.

Да ги видиш Ѓурѓо, да ги видиш сестро,
да ги видиш Ѓурѓо комитите.
Ај, да ги видиш Ѓурѓо кoмитите.

Како одат Ѓурѓо, како одат сестро,
како одат Ѓурѓо ред поред друг.
Ај, ред поред друг, девет реда.

Напред оди Ѓурѓо, напред оди сестро,
напред оди Ѓурѓо бајрактарот.
Ај, бајрактарот Ѓурѓо, Јордан Пиперка.

Право одат Ѓурѓо, право тргат сестро,
право одат Ѓурѓо за Прибилци.
Ај, за Прибилци Ѓурѓо, кај мудурот.

Да ја платат Ѓурѓо, да ја платат сестро,
да ја платат Ѓурѓо вергијата.
Ај, вергијата Ѓурѓо, тригодишна.

Зборот „вергија“ е турцизам и означува давачка, данок. Терминот се користи иронично во песната, бидејќи во Прибилци имало борба меѓу востаниците и турската војска за време на Илинденското востание.

Loading comments...