Болен ми лежи Миле Поп Јорданов | Bolen mi lezi Mile Pop Jordanov | Миле Поп Јорданов | Mile Pop Jordanov | Македонски Песни | Macedonian Songs

9 months ago
7

Во текот на 1902 година Миле Поп Јорданов се разболува и се враќа со тројца другари од својата чета во Велес за да закрепне. Но не успева во тоа затоа што е наклеветен од велешкиот шпион Тасе Коцкарот. Кога му пренесуваат дека е предаден со тројцата другари ноќта низ велешките темни сокаци се обидува да го напушти градот Велес. Со тројцата другари го минат дрвениот мост на реката Вардар за да се упатат кон правец на Штип, но кај општинското училиште имало поставено турски аскер при што дошло до жестока престрелка. Во таквите околности Поп Јорданов наредува тројцата другари да се повлекуваат и тој почнува сам да пука накај војската сè додека има муниција. Кога му останал последниот куршум, за да не падне жив во рацете на аскерот, во велешкото маало Јурија си го става револверот на слепоочницата и си го одзема животот.

Болен ми лежи Миле Поп Јорданов
над глава му стои стара му мајка,
жално го жали, милно го плаче:

Стани ми, стани, мое мило чедо,
твојте другари по сокаци одат,
жални песни пеат, тебе те спомнуват.

Бог да го прости Миле Поп Јорданов,
Миле Поп Јорданов за народ загина,
за народ загина, за Македонија.

Неговите сестри в' црно облечени,
свадба ќе прават, брата ќе женат,
брата ќе женат за Македонија.

Неговата мајка в' црно облечена,
свадба ќе прави, сина ќе жени,
сина ќе жени за Македонија.

Loading comments...