Војо Стојановски - Се собрале комитите | Vojo Stojanovski - Se sobrale komitite | Македонски Песни | Macedonian Songs

9 months ago
1

Се собрале комитите,
ќе ми одат в Суво поле.
Напред оди војводата,
војводата Јордан Пиперка.

Ќе ми фаќаат метеризи,
ќе го чекат Алил паша,
што ја грабил руса Стојна,
руса Стојна од Мало Церско.

Проговара војводата:
Ај да слеземе долу в Брезово,
да го венчаме Алил паша
за невеста остра сабја.

Забелешка: „Метеризи“ е турски збор, кој значи „заседи“.

Loading comments...