Premium Only Content
„Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата“.
Вчера, беше промовиран „Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата“.
Ова значајно издание е креирано со цел да послужи како клучен ресурс за родителите и стручните служби во училиштата, нудејќи им практични совети и насоки за ефикасно справување со предизвиците поврзани со насилството во образовниот контекст.
,,Публикацијата е дизајнирана како алатка која ќе им помогне на родителите да ја разберат својата клучна улога во превенцијата на насилството и во создавањето подобра и побезбедна училишна средина за нивните деца. Опремен со детални упатства и препораки, верувам дека Водичот ќе придонесе во градењето здраво и поддржувачко училишно опкружување. Со оглед на тоа дека децата поминуваат меѓу 6 до 8 часа дневно во училиште, повеќе од 200 денови годишно, училиштето е исклучително значаен дел од нивниот живот. Времето поминато таму е драгоцено, искуствата и знаењето што се стекнуваат се од непроценлива вредност. Да потсетиме, училиштето не е само место на учење, туку е и синоним за пријателства, први љубови, комуникација... Токму затоа, квалитетот и безбедноста на училишниот живот се од суштинско значење за здравиот развој на секое дете“, изјави Драги Змијанац Dragi Zmijanac– претседател на Прва детска амбасада во светот Меѓаши.
,,Нашата амбиција со овој Водич е да придонесеме кон култивирање на училишни средини каде што секое дете се чувствува безбедно, заштитено и охрабрено да се развива до својот максимален потенцијал. Веруваме дека заедничките напори на родителите, стручните служби и училишниот персонал се крајно важни во процесот на создавање на опкружување каде што насилството е категорично отфрлено“, изјави Моника Илиоска Кантарџиоска Monika Ilioska Kantardjioska– раководителка на програми во Коалиција за младински организации – СЕГА Coalition of youth organizations SEGA
Катерина Златанова Попова Katerina Zlatanovska Popova како родител на две деца од средно училиште ги покани сите заинтересирани родители и професионалци да се запознаат со Водичот и да се приклучат кон напорите на Меѓаши за подигање на свеста и активно учество во креирањето на посветла и побезбедна иднина за децата.
Светлана Тодоровиќ Svetlana Asprovska Todorovik- училишен психолог во СУГС Георги Димитров како и Вероника Петрова – Претседателка на ученичкиот парламент во СУГС Георги Димитров и Јана Николовска – средношколка во СУГС Орце Николов и волонтерка во ПДАС Меѓаши, беа согласни дека денес семејството претрпува значајни промени во својата структура, функции и динамика, соочувајќи се со многубројни предизвици како сиромаштија, дискриминација, насилство, социјална исклученост и разводи. Но, независно од овие промени и предизвици, потребите на децата за љубов, грижа и внимание остануваат непроменети. Во овој контекст, училиштето се појавува како критична институција во животите на децата, место каде тие треба да наоѓаат безбедност и поддршка, околина која ќе ги охрабрува и ќе го стимулира нивниот развој и учење.
Реалноста денес нè поставува пред сериозен предизвик во контекстот на превенцијата и справувањето со насилството во училиштата. Честопати за жал училишните средини се претвораат во извор на стрес и траума. Насилството во училишната средина значително влијае врз децата, предизвикувајќи отсуство од настава, паѓање на училишниот успех, загуба на мотивација и чувство на страв и несигурност. Токму затоа, создавањето безбедни и ненасилни средини за децата не е само цел, туку и императив на современото општество.
Преку организирано и свесно дејствување кон менување на ставовите, рано препознавање и спречување на насилството, како и негување на позитивна атмосфера, ќе се изгради заштитна мрежа која ќе обезбеди помош и поддршка за сите ученици. На тој начин, училиштата ќе станат места каде се негува културата на ненасилство и се промовира безбедна средина за секое дете. На крајот, треба да се потсетиме дека нема поголема инвестиција од таа во добросостојбата и безбедноста на децата. Нивната сигурност и благосостојба се врвен приоритет!
Публикацијата е достапна на македонски, албански и турски јазик, во електронска форма.
Материјалот во оваа публикација е интерактивен и усогласен со домашните закони и меѓународните документи, инструменти и стандарди за заштита на децата и нивните права.
Проектот „Промоција на безбедна училишна средина" го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi, SmartUp - Social Innovation Lab и МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / МСЕС, а со поддршка на Детската фондација Песталоззи/Kinderdorf Pestalozzi.
-
LIVE
Right Side Broadcasting Network
7 days agoLIVE: TPUSA's America Fest Conference: Day Two - 12/20/24
4,796 watching -
LIVE
Tucker Carlson
3 hours agoJenner Furst: Secret Chinese Biotech Programs, and the Documentary That Could Put Dr. Fauci in Jail
10,140 watching -
9:39
Film Threat
4 hours agoNOSFERATU | Film Threat Reviews
153 -
14:33
IsaacButterfield
10 hours ago $0.27 earnedINSANE WOKE MEN OF TIKTOK!
8656 -
1:58:16
The Charlie Kirk Show
2 hours agoAmericaFest: Day 2 | Beck, McKoon, Steele, Nagao, Galaszewski, Bowyer, Brown, Amanchukwu | 12.20.24
49.7K2 -
54:15
The Dan Bongino Show
5 hours agoSaving The U.S. Military w/ SEAL Andy Stumpf (Ep. 2392) - 12/20/2024
465K604 -
LIVE
The Dana Show with Dana Loesch
2 hours agoGOVERNMENT SPENDING BILL FAILS | The Dana Show LIVE On Rumble!
693 watching -
LIVE
Scammer Payback
2 hours agoCalling Scammers Live
225 watching -
1:01:34
Dr. Eric Berg
3 days agoThe Dr. Berg Show LIVE December 20, 2024
35.5K5 -
1:01:03
The Rubin Report
4 hours agoTech Legend Gives the Real Odds of Elon Musk Successfully Cutting Gov’t | Joe Lonsdale
50.2K9