Premium Only Content

Само 27 проценти од учениците во Македонија се чувствуваат целосно безбедно во училиштето
Само 27 проценти од учениците во Македонија се чувствуваат целосно безбедно во училиштето Објавено пред 1 ден - 19 декември, 202
Коалицијата на младинските организации „Сега“ организира панел-дискусија „Како до училиште без насилство“.
На настанот се дискутира за потребите и предизвиците на училиштата при превенција и постапување при случаи на разни форми на насилство, а активно се вклучија наставници и стручни соработници од основни и средни училишта, институции, граѓански организации, како и ученици.
Младите потврдија дека може да бидат партнер на наставниот кадар и стручните соработници во училиштата кон превенција од насилство врз децата. Претставниците од ученичките организации и Сојузот на средношколците на РМ дискутираа за тоа колку и како учениците може да придонесат кон намалување на сите форми насилство во училиштата. Од друга страна, стручните соработници во училиштата ги истакнаа актуелните капацитети и предизвици за справување со формите на насилство во училиштата.
На настанот беа презентирани и генералните наоди на Државниот просветен инспекторат, како и на Канцеларијата на народниот правобранител. Васка Бајрамовска Мустафа, заменик-народен паавобранител, ги потенцира недостатоците на училиштата утврдени на терен во однос на заштитата на децата на сите нивоа.
За потребите на проектот е направено почетно истражување во проектни училишта, со опфат од: 25 училишта (13 основни и 12 средни училишта), 810 ученици, 370 наставници, 74 стручни соработници и директори, 673 родители.
„Само 27 % од учениците во Македонија целосно се чувствуваат безбедно во училиштето. За да го превенираме насилството во училиштето, мора да се практикува пристапот на суштинско вклучување на учениците и на сите фактори во училиштето (наставници, стручни служби, училишни тела, родители итн.)“, изјави Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата на младинските организации „Сега“.
„Интересно е тоа што физичкото насилство се намалува до одредена мера, но сепак училишното насилството се манифестира во разни форми, како што се вербалното, социјалното и психичкото насилство, што се потврдува со разните извештаи. Дополнително, на училиштата им е потребна поддршка кон справување со кибер-насилството, кое зема сѐ поголем замав во постковид-периодот. Од друга страна, учениците се согласуваат дека ученичките организации може да бидат сериозен фактор и сериозно да придонесат кон подигнување на свеста од последиците од разните форми на насилство“, изјави Томислав Гајтаноски, тим лидер на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Панел-дискусијата „Како до училиште без насилство“ се организира во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, кој се спроведува од страна на Коалицијата на младинските организации „Сега“ во партнерство со македонскиот Центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и „Смартап – Лабораторија за социјални иновации“, а финансиски е поддржан од детската фондација „Песталоци“. Проектот се спроведува во периодот септември 2023 – август 2026 година.
Цел на проектот е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Преку проектот се очекува да се подобри имплементацијата на законските одредби за ученичкото учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, да се зајакнат капацитетите на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство, како и да се унапреди примената на наставни методи и техники, кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички.
-
2:08:15
Adam Carolla
3 days ago $5.37 earnedDolph Lundgren on Beating Cancer, Sahil Bloom Talks 5 Types of Wealth & Gen-Z’s Minecraft Madness
36.8K9 -
3:59:22
Alex Zedra
5 hours agoLIVE! Scary Games Girls Night
33K3 -
4:25:26
Drew Hernandez
12 hours agoKARMELO ANTHONY FAM BUYS NEW CAR, BIG LETICIA IS SHOOK & EL SALVADOR ILLEGAL IS A WIFE BEATER?
66.4K22 -
1:15:02
Man in America
11 hours agoTHE GREAT TAKING: They’re Coming for YOUR Assets—the Sinister Plan Exposed w/ James Patrick
43K15 -
1:55:55
Amish Zaku
6 hours agoCall in Creations EP# 10 Featuring GamerGril
20.4K -
1:11:52
Omar Elattar
11 hours agoThe Ex-Marine Millionaire: "How I Turned My $26K in Savings to $70M at 35!"
40.5K4 -
3:15:44
I_Came_With_Fire_Podcast
14 hours agoChina Trade War | Driving Miss Perry | German Court
37.1K7 -
1:37:07
Glenn Greenwald
7 hours agoAre We Moving Towards War With Iran? PLUS: Zaid Jilani on the El Salvador Deportations and Harvard’s Fight Against Trump | SYSTEM UPDATE #440
115K73 -
1:42:53
Badlands Media
22 hours agoAltered State S3 Ep. 24: Letitia James Exposed, Harvard's Fall from Grace, and the Woke Hollywood Implosion
63K19 -
LIVE
SpartakusLIVE
8 hours agoCustoms w/ Stonemountain64 || Regular WZ DUBS to follow
150 watching