Тепачки и навреди - половина од учениците вака си ги решаваат недоразбирањата

1 year ago
13

Тепачки и навреди - половина од учениците вака си ги решаваат недоразбирањата
Основците преку тепачки, а средношколците со болни навреди – речиси 50 отсто од учениците не гледаат проблем вака да ги решаваат недоразбирањата
19.12.2023 15:17

Речиси половина од учениците сметаат дека насилството е во ред, а 36% од нив проблемите ги решаваат со физичко насилство. Само 29,6% од децата се чуствуваат безбедни во училиште. Машките се чуствуваат помалку безбедни од женските. Поголем дел од наставниците се изјасниле дека доволно прават за да ги охрабрат децата да пријават булинг, но повеќето родители го мислат спротивното. Експертите сметаат дека потребно е повеќе работа со наставниот кадар за да стекнат поголеми вештини како да ги применуваат протоколите за превенција на насилство.

„14% ОД УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО ЕДНАШ ВО МЕСЕЦОТ БИЛЕ ЖРТВА НА НАСИЛСТВО, А РЕЧИСИ 10% МОРАЛЕ ДА ПРИМЕНАТ НАСИЛСТВО. ОВИЕ ДВА ФАКТИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ВНАТРЕ ВО УЧИЛИШТЕТО ПОСТОИ И ИНТЕЗИВНО СЕ СЛУЧУВА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ“, ВЕЛИ ЗОРАН ИЛИЕСКИ, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА КОАЛИЦИЈАТА НА МЛАДИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ „СЕГА“, ВЕЛИ ЗОРАН ИЛИЕСКИ, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА КОАЛИЦИЈАТА НА МЛАДИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ „СЕГА“.

Во основните училишта позастапено е физичкото насилство, а во средните поголема е свесноста и физичкото насилство е поретка појава, но затоа вербалното насилство и дискриминацијата се позастапени.

„НАЈЧЕСТО ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ И ВЕРБАЛНО. МИСЛАМ ДЕКА ВЕЌЕ СМЕ ВО ТАА ВОЗРАСТ КАДЕ ШТО НЕМА ТОЛКУ ФИЗИЧКО НАСИЛСТВО. ВО ПОНИСКИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА, ВО ОСНОВНО Е ПОПРИСУТНО МИСЛАМ ДЕКА, СПОРЕД МОЕ ЛИЧНО ИСКУСТВО И СПОРЕД ТОА ШТО СЕ ГЛЕДА“, ВЕЛИ МИЛА ИГНАТОСКА, УЧЕНИЧКА ОД СУГС „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“.

„ СО ПРОМЕНА НА НАЧИНОТ НА ЖИВОТ И СО РАЗВИВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ СМЕТАМ ДЕКА МЛАДИТЕ, А ОСОБЕНО УЧЕНИЦИТЕ СИ ЗЕМААТ МНОГУ ПОВЕЌЕ СЛОБОДА ДА ВРШАТ НАСИЛСТВО ВРЗ ДРУГИТЕ. ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ НАЈЗАСТАПЕНО Е ВЕРБАЛНОТО НАСИЛСТВО, ПРЕКУ ОСТАВАЊЕ КОМЕНТАРИ СО НЕГАТИВНИ ЗБОРОВИ“, ВЕЛИ

ЈАНА НИКОЛОВСКА, УЧЕНИЧКА ОД СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“.

Истражувањето го спроведе Коалицијата на младински организации СЕГА, во 13 основни и 12 средни училишта, а анкетирани беа 810 ученици, 370 наставници.

Тамара Марковска
Панел дискусијата „Како до училиште без насилство” се организираше во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ кој се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП - Лабораторија За Социјални Иновации, а финансиски е поддржан од Детската фондација Песталоци. Проектот се спроведува во периодот септември 2023 – август 2026 година.

Loading comments...