Premium Only Content
Проект „Место за растење“ за создавање средини што ќе ги поддржуваат правата на децата
Децата да бидат во сржта на донесувањето одлуки, да не се чекаат пари од ЕУ или од УНИЦЕФ, туку општините да го оптимизираат буџетот што го имаат, не само тој за образование, и да биде скроен за заедницата да биде попријателска и поодговорна кон децата, порача претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани, на меѓународната конференција „Креирај го твоето место за растење“.
Post By Хатка Смаиловиќ
Проект „Место за растење“ за создавање средини што ќе ги поддржуваат правата на децата
Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) – Децата да бидат во сржта на донесувањето одлуки, да не се чекаат пари од ЕУ или од УНИЦЕФ, туку општините да го оптимизираат буџетот што го имаат, не само тој за образование, и да биде скроен за заедницата да биде попријателска и поодговорна кон децата, порача претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани, на меѓународната конференција „Креирај го твоето место за растење“.
Конференцијата ја организираше Центарот за семејно и детско згрижување (КМОП) од Скопје во соработка со Првата детска амбасада во светот Меѓаши, посветена на подобрување на благосостојбата на децата на локално ниво. Беше претставен проектот „Место за растење“, финансиски поддржан од Европската Унија, кој има цел да ги зајакне напорите на локалните власти за унапредување на правата на децата и нивното учество во локалното планирање.
Проектот ќе се спроведува 30 месеци и ќе ги поддржи општините Виница, Дебар, Гостивар, Велес и Кисела Вода во развивање и операционализација на клучни стратешки документи за правата на децата врз основа на специфичните потреби, перспективи и очекувањата на децата и ќе им обезбеди ефективни алатки за следење на нивното спроведување. Целни групи ќе бидат претставници на локалната самоуправа, наставниот кадар, деца на возраст од 3 до 18 години.
ДиЏовани посочи дека УНИЦЕФ долго ја има програмата „Градови погодни за деца“ каде секое дете расте безбедно, има пристап до основни услуги – чист воздух и вода, средина каде што може да игра и учи и каде гласовите им се слушнати и значат во заедницата.
Таа соопшти податоци од анкета на млади во земјава според која 610 сметаат дека немаат никакво влијание на начинот на кој работи власта, а 85 проценти кажале дека никој не ги консултира.
-Тоа е многу, тоа е мнозинството. Само 19 од 81 локална самоуправа имаат младински совети. Ова е третина. Само 20 проценти деца од рурални средини одат во предучилишно образование и 40 од градовите. Тоа не е доволно и тоа се децата кои не се подготвени на шест години да почнат со училиште, рече ДиЏовани.
Го посочи како негативен пример ставот на некои градоначалници од лани да ги затворат училиштата за да заштедат струја и соопшти дека со поддршка на Светска банка УНИЦЕФ работи на програма за оптимизирање на буџетот и за таа цел соработува со десет општини за поефикасен образовен систем.
УНИЦЕФ има апликација U-Report со која ги прашува младите за теми што им се важни и информациите, како што рече, ги користи за да ги застапуваат кај носителите на одлуки – министерствата и Владата. Досега ги консултирале за неколку теми, како климатски промени, онлајн-безбедност, сајбер-насилство, младинско учество. Апликацијата се користи и за младите да дадат мислења за Младинската стратегија на УНИЦЕФ 2023-2027.
Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, која постои 31 година, на отворањето на конференцијата рече дека Македонија е една од ретките земји каде децата двапати доставувале извештај подготвен од деца за состојбата со правата на децата и го бранеле пред Комитетот за правата на детето во Женева – еднаш со присуство, а вторпат онлајн во време на пандемијата.
Посочи дека деца волонтери во Меѓаши учествуваат во креирање документи, како што е стратегијата на Град Скопје која, рече, е заглавена во некоја фиока.
- Таа е готова, Град Скопје даде финансии, ние учествуваме, децата беа активни, но е заглавена во фиока. Ќе почекаме некое време, ако не, ќе одиме со акции, можеби и герила акции, со транспаренти пред Град Скопје: Бараме стратегијата да се спроведе. Ете, и тоа е детскиот активизам, рече Змијанац.
„Меѓаши“ соработува со многу општини и неколку пати, рече Змијанац, успеале да ја сменат законодавната власт во некои од нив затоа што не било исполнето ветувањето на она што децата на работилници го искажале што им е потребно во градот каде што живеат.
-Децата бараат осветлување, инфраструктура, во некои градови бараат театар, кино, бараат велосипедски патеки, заштита од улични кучиња. Сите можни барања им се доставени. Но, политичарите ветуваат ама тешко исполнуваат. Јавна критика до сите политичари – ако се залагаат за правата на децата, не треба да го одбележуваат само 20 Ноември – Светскиот ден на детето, па дури и да го узурпираат тој ден кога сите се сликаат со децата, туку треба напорно да работат 365 дена, истакна претседателот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.
Мари-Мадлин Канелопулу, раководителка на сектор во Делегацијата на ЕУ, истакна дека темата за правата на децата е вметната во Договорот за Европската Унија и е високо на агендата на ЕУ.
-Во последно време повторно темата за заштита на децата се става на врвот на агендата. Една поговорка вели дека е потребно цело село да се одгледа едно дете. Денешниот настан вели дека е потребна цела општина, цел град кој ќе биде приспособен да ги исполнува нивните потреби. Потребна е заложбата на целокупната заедница, на градските власти, за тие да ја создадат најдобрата можна средина во која ќе се негуваат децата и локалните власти нив ќе ги третираат како рамноправни граѓани со свои права. Децата мора да научат од најрана возраст како да комуницираат со своите локални заедници, рече Канелопулу.
Кристина Василеска, директорка на Центарот за семејно и детско згрижување (КМОП) кој ја организираше конференцијата, истакна дека оваа иницијатива за унапредување на правата и заштита на децата е доказ за колективното уверување за иднина во која децата и младите ќе бидат слушнати и вреднувани во средини кои се креирани токму за нивната благосостојба.
-Сигурна сум дека денешниот настан ќе биде исполнет со идеи и ќе резултира со конкретни договори и акции и ќе биде извор за нови знаења и партнерства меѓу нас. Тргнуваме на пат за оформување урбани средини и простори кои ќе им дадат приоритет на потребите, аспирациите, среќата на нашите најмлади граѓани. Нашата иницијатива има цел да воспостави простори во кои гласот на децата ќе биде слушнат и ќе биде земен предвид, градови во кои децата би се чувствувале безбедни, поддржани и вклучени, порача Василеска. хс/ев/
-
18:39
Stephen Gardner
7 hours ago🔥BREAKING! Trump's SHOCKING New Demand | Biden admits DOJ TARGETED Trump Illegally!
52.2K196 -
1:20:23
Josh Pate's College Football Show
13 hours ago $12.87 earnedCFP Prediction Special: OhioSt vs Oregon | UGA vs Notre Dame | Texas vs ASU | Boise vs PennSt
89.9K6 -
7:50:03
Scottish Viking Gaming
11 hours ago💚Rumble :|: SUNDAY FUNDAY :|: Virginia has two Verginers, Change my Mind!
103K18 -
1:49:50
Winston Marshall
2 days agoThe DARK Reality of Socialism - Historian Giles Udy
81.8K83 -
1:09:28
Sports Wars
9 hours agoBengals STAY ALIVE In OT Thriller, ESPN's Ryan Clark SLAMMED, NFL DESTROYS NBA On Christmas
67.1K7 -
9:37
EvenOut
1 day ago $4.88 earnedThe Non-Reflecting Mirror Scare Twin Prank!
57.6K4 -
11:19
Tundra Tactical
1 day ago $6.57 earnedI Saw How CMMG Makes Guns.
67.3K8 -
15:34
Misha Petrov
22 hours agoReacting To TikTok’s Most DELUSIONAL Takes!
81.7K65 -
1:52:24
Squaring The Circle, A Randall Carlson Podcast
1 day ago#032 Flournoy Holmes' Artwork Helped Define The Southern Rock Phenomenon of The Early 1970's
58K6 -
19:56
inspirePlay
2 days ago $1.06 earnedWalking with Lions & Facing Africa’s Wild Side | Safari Adventure with the Grid Championship Crew!
39.2K1