Црно му било пишано на Александар Турунџе | Crno mu bilo pisano na Aleksandar Turundze | Никола Бадев | Македонски Песни | Macedonian Songs

1 year ago
2

Црно му било пишано
на Александро Турунџе,
шеснајсгодишен војвода,
на седумнајста го фатија.

Го турија во зандани,
во тие тесни долапи,
чифте белегзии на раце,
и дробен синџир на гуша.

Телеграм дојде од Стамбол
за Александар Турунџе,
да си ја види невестата
и својте дробни дечиња.

Го изведоа на Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката,
цела се Битола расплака,
за Александро Турунџе.

Бог да убие кодошот,
кодошот Митре Гинката,
што го предаде Турунџе,
тој неустрашен бунтовник.

Тој го предаде Турунџе,
за сто и пејсет жолтици,
за сто и пеесет жолтици,
на тие клети душмани.

Loading comments...