Premium Only Content
Никола Бадев - Ајде пукна пушка | Nikola Badev - Ajde puska pukna | Лазо Ридов - Асијата | Македонски Песни | Macedonian Songs
Лазо Ридов е роден 1884 година. Овој горостас од човек бил висок 2 метра, а со својата невидена храброст станал и останал синоним на храброст кај населението од целиот тиквешки крај и пошироко. И денес по толку време кавадарчани го имаат Асијата како митска личност, легенда и како свое народно богатство.
На Крива Чешма
Неговата невидена храброст за прв пат е запаметена кога Асијата имал 17 години. Убавата девојка Тодорка Андова полнејќи ги стомните со вода од Кривата Чешма била малтретирана и навредувана од двајца помлади Турци кои и ги скршиле стомните, по што таа си заминала целата уплакана. На патот ја сретнал Лазо и бидејќи ја познавал, ја запрашал што и се случило. Дознавајќи за немилиот настан тој веднаш се упатил кон чешмата каде што младите насилници чекале нова жртва.
Кога го забележале младиот Лазо разбеснет како со пцовки се упатува кон нив се обиделе да побегнат. На едниот тоа му успеало, ама другиот го фатил и откако убаво го истепал му ја пикнал главата во мрамурите од кои стоката пиела вода и добро го напил.
Во Кавадарци со своите зулуми и насилства се истакнувал младиот Ибраим Синанов, внук на кавадаречкиот кајмакам Шефки Али Бег. Еден ден Ибраим Бег го убил Диме Грков, член на револуционерната организација. Ова убиство предизвикало голем револт во градот, но Ибраим успеал да остане неказнет. Лазо кој слушнал за злоделото на Ибраим, на своите другари им рекол: „Нема да му дозволам на Ибраим Ефенди уште долго да прави вакви гадотии. Скоро ќе си го види својот Алах.”
На 17 август 1902 година четворицата другари: Лазо Ридов, Ване Стефанов, Мишо Шкартов и Ило Боцев го пречекале Ибраим кај месноста Лазов Мост, кога се враќал од Прилеп. Лазо му пристапил со зборовите: „Каде си тргнал проклетнику, да изедеш некоја христијанска душа, или да силуваш некоја наша девојка.” Изненаден од дрскоста на својот противник Ибраим се обидел да го извади својот револвер, но Лазо кој очекувал вакво нешто, веќе во рацете ја имал својата кама и со еден удар во градите го убил насилникот.
Веднаш по тој настан тиквешкиот кајмакам организирал голема потера по сите околни села и во градот но за голема среќа не успеале да го најдат убиецот. А четворицата другари дење криејќи се, а ноќе патувајќи успеале да ја најдат четата на војводата Петар Јуруков и да станат дел од неа.
Во 1904 година со одлука на Централниот комитет на ТМОРО за околиски војвода бил назначен Добри Даскалов, а Петар Јуруков бил испратен во крушевско-прилепскиот револуционерен реон.
Што е чудо станало
На 12 јули 1905 година четата на Добри Даскалов влегла во селото Ресава. Во селото била селска слава – Петровден и борците биле убаво пречекани и нагостени. Собирот бил искористен за да се одржи состанок со сите возрасни мажи во селото, на кој покрај другото, луѓето се пожалиле кај војводата на злоупотребите што ги правел селскиот поп Ристо Пејков. Видно револтиран од тоа што го слушнал Лазо Ридов го фатил попот за брадата и целата му ја искубал.
Посрамотениот поп утредента рано наутро решил да им се освети на борците од четата и на своите соселани и за присуството на четата во Ресава ги известил турските власти. Веднаш била покрената голема турска војска и полиција и за кратко време го сардисале селото. Настанала тешка борба која се водела за секоја куќа, за секоја плевна и амбар.
Борбата траела до доцна во ноќта, и во неа загинале голем број турски војници, а бил голем бројот и на ранетите бидејќи борците биле добро утврдени во неколку куќи во Биковското маало. Кога се приближила ноќта војводата наредил со силен јуриш да се пробие обрачот, гледајќи во тоа единствен начин да се спаси четата од уништување. Во јуришот на само неколку метри од последната куќа Лазо Ридов почувствувал удар во пределот на десната нога. Неговите другари потрчале да му помогнат.
Тој целиот бил облеан со крв. Кога се освестил станал и како некоја сила да влегла во него со сиот глас извикал: „Напред другари” и ја фрлил последната бомба кон Турците. Во еден момент еден амбашија со исукан јатаган се упатил право кон него, но Асијата со пушката успеал да го собори и со голи раце му го одзел животот. Војводата со успешен маневар ја извлекол четата од обрачот со само двајца загинати борци и неколкумина ранети меѓу кои бил и самиот војвода. По ова селото Ресава било запалено, петмина недолжни селани биле стрелани.
Во познатата битка во селото Ресава загинале околу 30 војници и башибозук а од четата на Добри Даскалов загинале Ване Стефанов и Ѓоре Јованов.
Асијата бил ранет и однесен во Неготино каде што го лекувал лекарот Михалаки, кој пред тоа ја помогнал Организацијата со 12 лири.
Ајде пукна пушка
во чикма одаја,
ајде пукна пушка
во чикма одаја.
Ајде, го удари
најдобриот јунак,
ајде го удари,
Лазо Асијата.
Ајде викна, писна,
најдобриот јунак,
ајде викна, писна
Лазо Асијата.
Ајде немам мајка
рани да преврзе,
ајде немам сестри
крпи да исперат.
Ајде јас си имам
до два мили браќа,
они ќе си вратат
братовата крвца.
-
LIVE
MoFio23!
4 hours agoNintendo Switch It UP Saturdays with The Fellas: LIVE - Episode #3
537 watching -
LIVE
SquallRush
2 hours agoMarvel Rivals Collab
476 watching -
8:36:24
stephengaming94
5 days agofar cry 5 live stream part 3
2.28K1 -
2:03:28
Barry Cunningham
14 hours agoTRUMP DAILY BRIEFING: 2 DAYS TO GO - ARE YOU READY FOR HISTORY TO BE MADE?
35.2K56 -
13:41
Tundra Tactical
6 hours ago $0.53 earnedGOA VP Erich Pratt Tells ATF "COMPLY NOW"
53K6 -
21:06
BlackDiamondGunsandGear
7 hours agoPSA Micro Dagger Self-Destructs During Shooting! What Happened…
33K7 -
6:27:09
Right Side Broadcasting Network
5 days agoLIVE REPLAY: RSBN Pre-Inauguration Coverage: Day Three in Washington D.C. - 1/18/25
268K56 -
25:09
MYLUNCHBREAK CHANNEL PAGE
13 hours agoOff Limits to the Public - Pt 2
64.2K46 -
1:36:11
Tucker Carlson
1 day agoSean Davis: Trump Shooting Update, & the Real Reason Congress Refuses to Investigate
348K409 -
5:13
Russell Brand
2 days agoHost GRILLS Pzizer CEO Over Vaccine Efficacy
137K255