ПКамбани бијат сред Баница | Kambani bijat sred Banica | Македонски Песни | Macedonian Songs

1 year ago
3

Камбани бијат сред Баница,
народот да се собере
во црква Свети Димитрија.

Делба ми прават душмани,
татковци, браќа, синови,
во пусти острови ги праќаат.

Мајки, невести, мали дечиња,
сите в' планина ги отераа,
в' планина, село Невеска.

Вас не држи село Невеска
враќајте се, еј Баничани,
враќајте се во село убаво.

Баница (гр. Vevi) и Невеска (гр. Nymfeo) се села во близина на Лерин, Егејска Македонија. Песната пее за злосторот над Македонците во 1947 година, кога во одмазда за тоа што се бореле на страната на анти-фашистичката Демократска Армија на Грција (ДАГ), биле на сила собрани пред селската црква и однесени во лерински затвор. Набрзо потоа, мажите се депортирани на неколку голи грчки острови, а жените и децата со пукотници избркани во планините, без да смеат да се вратат назад во своите домови.

Loading comments...