Васка Илиева - На четврти мај Гоце загина | Vaska Ilieva - Na cetvrti maj Goce zagina | Гоце Делчев | Македонски Песни | Macedonian Songs

1 year ago
1

На четврти мај деветсто и трета
в' борба загина Гоце Делчев.
Животот го даде за Македонија,
Македонија слободна да биде.
Македонија слободна да биде,
земја македонска на Македонците.

Од Шар Планина до Егејско Море
и од Охрида до река Места,
старо и младо сето се расплака,
сè се расплака за Гоце Делчев.
Сето сe живо име македонско,
сè се расплака за Гоце Делчев.

Нема го веќе наш Гоце Делчев,
македонско знаме да ни развее.
Ама на народот клетва му остави
за да се борат, да не се предават.
За да се борат, да не се предаваат,
македонско име да не заборават.

Немој да плачеш, мој народ поробен,
на клетата судба крај ќе ѝ дојде.
Судбината твоја тогај ќе ја кажеш,
македонски народ слободен ќе биде.
Македонски народ слободен ќе биде,
земја македонска на Македонците.

Loading comments...