Васка Илиева - Бојот започна браќа | Vaska Ilieva - Bojot zapocna braka | Македонски Песни | Macedonian Songs

1 year ago
1

Бојот започна браќа,
војска се собира.
Војска се собира, браќа,
три илјади души,
три илјади души браќа,
во Костурско Поле.

Горите фучат, браќа,
бурите стигаат,
војска се собира, браќа,
ѓолот да сардисаат.
Комити да фатат, браќа
и да ги истепаат.

Пушките пукаја, браќа,
рибите бегаја.
Топовите грмат, браќа,
земјата гореше,
топовите светат, браќа,
како јасно сонце.

Трева си јадевме, браќа,
тага живувахме,
песни си пејавме, браќа.
за наш'та слобода.
За наш'та слобода, браќа,
за Македонија.

Loading comments...