Premium Only Content
„Битолски Монмартр“ ги злоупотребил децата за политички цели, тврди „Меѓаши“
Од Првата детска амбасада велат дека членови на „Битолски Монмартр“ се искористени „како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи“
АНЕТА БЛАЖЕВСКА
20/07/2023 08:27
Од разговорот на битолските деца со бугарскиот претседател Румен Радев (Фото: Фондација „Бугарска меморија“)
БИТОЛА – Раководството на „Битолски Монмартр“ ги злоупотреби децата, свои членови, за политички цели, носејќи ги во Бугарија на средби со претседателот Румен Радев и претходно со Симеон Втори, поранешен премиер и син на царот Борис Трети, како „декор за нечиј (политички) маркетинг“.
Ова го тврди Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ во одговор за „Независен“ откако нашиот медиум објави текст под наслов „Како ‘Мал битолски Монмартр’ ја пречекори ликовната граница и премина во политиката“, наведувајќи дека деца, членови на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола, беа однесени во Бугарија на средби со бугарски политичари, по што децата беа фотографирани со политичарите и објавувани во бугарски и наши медиуми, а организаторите за тоа немаа дозвола од родителите.
Од „Меѓаши“ се категорични дека децата, членови на „Битолски Монмартр“, се искористени „како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи“, по што Првата детска амбасада во светот го повикува Основното јавно обвинителство да постапува поради прекршување на законите.
Анализирајќи го текстот „Како ‘Мал битолски Монмартр’ ја пречекори ликовната граница и премина во политиката“, „Меѓаши“ смета дека е „крајно неумесно или чудно како потег, во сегашниот политички контекст во кој се наоѓа Македонија, особено имајќи ги предвид односите со Бугарија и Грција, да се носат децата на средби со политичарите во тие земји, и особено ако не се знае јасно која е целта на тие средби“.
„Се поставува прашањето зошто децата биле однесени во Бугарија кај Симеон Втори и претседателот Румен Радев? Која е целта на посетата на гробот на цар Борис Трети? Која е целта на сите тие средби и посети? Како им е објаснето на децата кој бил царот Борис Трети? Што дознаа и научија децата од таа посета? И сето ова се случува во период кога во Македонија има тензии токму околу овие прашања. Децата не се декор за нечиј (политички) маркетинг. Тие не се објекти, туку се рамноправни граѓани како и сите други и така треба да бидат третирани. Во спротивно, носењето и учеството на деца како декор на одредени настани или настани со нејасна заднина и агенда е политичка злоупотреба на деца“, стои во одговорот на „Меѓаши“ за „Независен“.
Од таму со аналитички пристап на целата ситуација образложуваат зошто станува збор за злоупотреба.
„Децата одат во Бугарија без нивните родители да потпишат согласност за програмскиот дел од посетата, за содржините кои на децата ќе им бидат понудени и кои ќе бидат реализирани, ниту за истите се информирани. Тие потпишуваат согласност за патувањето, но ништо повеќе. ‘Битолски Монмартр’ како организатор не ги известил родителите за содржината на посетата, програмата, иако е должен како организација да го направи тоа. Во вакви случаи, кога родителите не добиле доволно информации, ние секогаш препорачуваме и укажуваме дека самите родители треба да побараат повеќе информации од страна на организаторот за да бидат упатени во содржините на активностите во кои детето ќе учествува“, велат од Првата детска амбасада.
Понатаму, „Меѓаши“ наведува дека ваквото искуство на децата може да предизвика трауми кај нив.
„Доколку родителите и децата не биле информирани за содржината на програмата која била планирана, тогаш станува збор за спроведување активности во кои децата се предмет на манипулација. И не само тоа, станува збор и за емоционална повреда, бидејќи носењето деца на средби за кои потоа се ставени на тапет, може да биде трауматско искуство за нив поради добивањето одненадеж навреди, говор на омраза, омаловажувања, поттикнување нетрпеливост… Доколку децата учесници, имаат потреба да разговараат за своите чувства, емоции по и за време на настанот, и/или пак едноставно имаат потреба само од разговор, Првата детска амбасада во светот ‘Меѓаши’, преку ‘АлоБушавко’ – телефонот за деца и млади 070 390 632 стои на располагање со 24/7 поддршка за децата“, велат од тимот на „Меѓаши“.
Тимот на Првата детска амбасада за ваквата состојба со децата од „Монмартр“ јавно го повикува ОЈО да постапува наведувајќи каде е прекршено правото на детето.
„За жал, наместо децата да се третираат сериозно, тука се користат како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи.
Поради сето ова горе наведено, го повикуваме Основното јавно обвинителство (ОЈО) да преземе соодветни мерки особено поради инволвирање на децата од Македонија во политички кампањи во друга земја и неколкукратно прекршување на правата на децата согласно Конвенцијата за правата на детето и Член 12 став 4 од Законот за заштита на деца: ‘Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување’“, порачуваат од „Меѓаши“.
Погоре пренесената реакција не е единствена на Првата детска амбасада во светот на изјавите на Славчо Неделковски, претседател на УО на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола.
На изјавата на Неделковски дадена за „Независен“ стои: „Ако имаше политичка злоупотреба на децата најверојатно мене и Елена од Делчево, ќе нѐ собереше полиција и ќе нѐ однесеше во Скопје. Ние интервениравме кај Јавниот правобранител и во Првата детска амбасада ‘Меѓаши’, не пронајдоа елементи ни за одбрана, ни за пасивизација на случајот, бидејќи сметам дека политичка злоупотреба на дете е многу моќен збор и треба да се докаже“. Но од „Меѓаши“ велат дека Неделковски никогаш не ги контактирал и дека пласира дезинформации.
„Никогаш не сме имале никаков контакт со лицето Славчо Неделковски ниту друго лице од ‘Битолскиот Монмартр’. Крајно непријатно сме изненадени од дезинформацијата дека раководството на ‘Битолски Монмартр’ нѐ контактирало како ‘Меѓаши’ за своите дејствувања во врска со носењето на децата кај политичари, како што сведочи лицето Славчо Неделковски во текстот. Станува збор за дезинформација“, наведуваат од „Меѓаши“.
Тимот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ наведува дека единствено што реагирале за „Битолски Монмартр“ јавно било кога на Фејсбук напишале статус за скратените средства за финансирање на детската ликовна колонија во февруари годинава.
„Но, имајќи предвид дека ‘Малиот битолски Монмартр’ беше една од најблагородните манифестации наменети за децата, на национално ниво и пошироко многу години по ред, Детската амбасада ‘Меѓаши’ во февруари оваа година реагираше на својата ФБ страна кога државата реши да ги скрати средства за финансирање. Тогаш не можевме да претпоставиме дека е можно недоделувањето средства на Детското ликовно студио да резултира со злоупотреба на децата заради политички цели“, стои во реакцијата на „Меѓаши“ испратена до „Независен“.
-
1:02:21
The Dan Bongino Show
4 hours agoTrump Makes His BOLDEST Moves Yet (Ep. 2370) - 11/13/2024
543K1.65K -
1:02:59
The Rubin Report
2 hours agoCNN Host Forced to Intervene as Guest Loses His Cool as Republican Calmly States Facts
40.4K40 -
1:37:01
Professor Nez
15 hours ago🚨LIVE President-elect Trump Meets with President Biden in the Oval Office
19.3K16 -
2:00:38
Steven Crowder
4 hours agoLet that Sink In: This is why the Left Lost & Elon and Vivek Form New Trump Superteam
337K199 -
LIVE
Benny Johnson
3 hours ago🚨 DADDY'S HOME: Trump Meets Biden At White House LIVE Right NOW, Joe Surrenders Federal Gov to MAGA
15,861 watching -
LIVE
Midnight's Edge
2 hours agoThe TDS of our stars, and scandals of Wicked | MEiTM #639
230 watching -
LIVE
The Shannon Joy Show
20 hours ago🔥🔥COVID Democide Rages On Amidst The Political Circus! Sudden Kidney Failures Are Spiking As The Latest Hospital Horror. Live Exclusive With Researcher John Beaudoin🔥🔥
505 watching -
4:59
BuddyBrown
2 days ago $5.06 earnedI've Never Heard a President Talk Like This in my LIFETIME! | Buddy Brown
29.1K14 -
1:42:01
Graham Allen
5 hours agoElon/VivekAppointed To “DOGE”Pete Hegseth Is The New SECDEF!The Elites Are LOSING THEIR MINDS!!😂😂
95.7K128 -
2:01:44
LFA TV
14 hours agoTRUMP MEETS WITH BIDEN LIVE! | LIVE FROM AMERICA 11.13.24 11am EST
48.3K26