Фатмире Ајдари: Бројот на психолози не ги задоволува стандардите

1 year ago

Во сите училишта има вработено барем едно лице – стручен соработник (педагог, психолог, социолог, специјален едукатор и рехабилитатор…), а најчесто има повеќе. Општините/ градот Скопје, имаат право да ангажираат и лица по однос на вработување со договор на дело кои што можат да бидат ангажирани како стручни соработници а за кои што е одговорна самата Општина/Градот Скопје како основачи на училиштата. Ова значи дека пристапот кон услугата за подобрување на менталното здравје на учениците е ограничен. Учениците бараат помош и во невладини организации. Прва адреса е СОС линијата „Ало бушавко“ на Првата детска амбасада „Меѓаши“. И оттаму предупредуваат дека мора да се зголеми бројот на психолози во училиштата.

Минималниот број на стручни служби не е доволен, особено во училиштата со поголем број ученици.
Извештајот на „Меѓаши“покажува дека во последните години, младите сè повеќе имаат потреба да зборуваат за нивното ментално здравје.
Ајдари, која е мировен работник во „Меѓаши“ предупредува на неколку проблематични точки:

Да се обратиш кај психолог не значи дека имате проблем, тоа треба да биде рутина и да се користи како превентива.

Loading comments...