Premium Only Content
Сексулана злоупотреба на деца, педофилија во пораст во Македонија.
Господине Змијанац, во последно време за жал, се почести се појавите на педофилија во нашата земја. Дали се работи за пораст на оваа појава или само потранспарентно се зборува за неа во медиумите?
Сме размислувале како детска амбасада, многу често за ова прашање. Тоа што се растревожуваме и што се жештиме за зголемениот број случаи кога децата се жртви од најбилските. Сметаме дека децата се охрабрени да го пријават насилството и најблиските и го пријавуваат. И ако ништо друго, можеме да се утешиме дека со подигањето на прагот на нетолерантност кон педофилијата и сексуалната злоупотреба на децата и охрабрувањето децата да не молчат и најблиските да не ги обвинуваат децата за тоа што им се случило, барем сме на чекор оваа табу тема, која порано била молк и тајна во семејството, конечно да добие друга дименција. Тоа е, децата да знаат дека имаат кому да се доверат, тоа е нашиот СОС телефон за деца и млади 0800 12222. Знаат дека Првата детска амбасада во светот Меѓаши е тука да ги застапува нивните најдобри интереси, да ги мобилизира сите државни институции да бидат помобилни и пофункционални во превенција и заштита, а доколку се случи оваа несакана појава, која остава длабоки трауми и печат, би рекол и доживотен на децата, посебно децата под 14 години, дека има институции кои треба да ја преземат одговорноста да ги заштитат децата во однос на рехабилитација, ресоцијализација, психо социјален третман.
Кога веќе ги споменавме надлежните, колку сте задоволни од мерките кои тие ги преземаат во насока на сузбивање на ваквата појава? И што вие како амбасада конкретно можете да направите за да им помогнете во ваквите случаи?
Ние веќе две години интензивно работиме во однос на подигање на јавната свест, пред се родителите да го поведат главниот товар околу превенција и заштита на децата. И затоа одевме со повеќе кампањи од аспект, дали денес разговаравте со вашето дете, дали го гушнавте, дали му кажавте колку го сакате. Многу е битно децата да знаат каде се движат децата, со кого се, да не бидат сами, и оставени сами на себе и доколку забележат несоодветно однесување на своите деца, да разговараат со нив, и да го пријават насилството доколку се случило или да го превенираат и да им објаснат на децата како да се заштитат. Она што загрижува е тоа што во одредени случаи забележуваме дисфункционалност на системот, посебно кога децата се згрижени во државни институции, како на пример, детскиот дом 11 октомври, неколку интернати... Каде што децата се жртви и на психичко и на сексуално насилство. За разлика од центрите за социјална работа и домовите каде што се сместени децата, имаат чекор понапред во однос на санкционирање. Веќе судиите стануваат посензитивни, дека со детето жртва треба да се постапи посебно внимателно, дека детето треба да даде само еднаш изјава, тоа да биде во суд, во специјални соби, во присуство на психолог, педагог и социјален работник, да се документира и никако да не му се дозволи на детето жртва да се соочи со насилникот. Морам да кажам дека има во последно време брза интервенција на полицијата, кога силувачот педофил го ставаат во притвор и не му дозволуваат да влијае на промена на изјавата на детето, и морам да кажам дека Министерството за правда се активира во однос на зголемување на казните за педофилите на минимум 10 години.
Дали после сето ова можеме да кажеме дека правата на децата во Македонија се почитуваат?
Ние ќе бидеме задоволни кога сите деца ќе бидат вклучени во образованието и кога ќе забележиме дека не се злоупотребува нивниот труд, значи на питачат, не чуваат стока и добиток, не продаваат прехрамбени производи, се вклучени во задолжителниот образовен процес, се дел од образованието. Кога Македонија нема да има 200 илјади неписмени, луѓе кои не завршиле основно образование, а образованието многу често велиме дека е клучен одговор и на сиромаштијата. Морам да ви кажам дека ние секоја година во април сме дел од глобалнта кампања за вклучување на сите деца во обрзованието. Имаме добиено писмени гаранции и од премиерот на државата Никола Груевски и од претседателот Бранко Црвенковски и од градоначалникот на Скопје Трифун Костовски и од група пратеници од повеќе партии, како и естрасни ѕвезди, сите тие во овој месец април изминативе девет години се заветиле дека ќе се залагаат сите деца да се вклучат во основно образование. Кога на градоначалниците под чија надлежност е основното образование ќе им биде приоритет колку деца успеале да вклучат во основното образование, наместо да се пофалат колку улици осветлиле, тогаш ќе сметаме дека приоритетот е ставен на правата на децата и дека навистина тие во нивните платформи се залагаат да ги подобрат правата на децата и нивното почитување.
Низ улиците во градот сеуште можат да се забележат деца коишто питачат и чиишто труд се злоупотребува. Едно време, владата презеде и акција за згрижување на овие деца од улиците. Колку вашата организација има долгорочен план за да ги згрижи децата од улица и да ги заштити нивните права?
Морам да ви кажам дека во Македонија секојдневно има 2000 деца кои питачат на крстосниците. Тие се најчести жртви на детска проституција, педофилија, трговија со деца, и детска порнографија. Кога тие деца ќе се вклучат во основното образование верувам дека оваа појава ќе се намали. Значи, не е доволно само децата да се оттргнат од улиците. Туку, треба на тие семејства, барем еден да се вработи, да му се даде каква таква егзистеннција, тоа дете да се вклучи во образование, дури ако треба да се обезбеди и топол оброк, бесплатни учебници, затоа што тоа е голем товар за родителите и тие најчесто и од егзистенцијални причини не ги пуштаат децата на училиште, односно ги третираат како можност да се заработи на нивна сметка.
-
13:58
Tactical Advisor
14 hours agoBudget vs Expensive Shotgun
3.06K1 -
14:19
justintech
10 hours agoBest Gaming PC Under $2000 - In 2024
2.05K -
5:09
Guns & Gadgets 2nd Amendment News
20 hours agoFBI Stops 9/11 Style Terror Attack!!
3.47K4 -
9:39
GBGunsRumble
20 hours agoGBGuns Armory Ep 128 Kimber R7 Mako Carbon Compact
39.8K8 -
1:00:51
The Tom Renz Show
18 hours ago"DEI Is Racist - Who knew & Redfield Now Worries About COVID Jabs"
38.6K4 -
5:01
BIG NEM
11 hours agoInside the Albanian Mob... As a Serb.
17.1K2 -
1:40:14
TheConnieBryanShow
4 days agoGAIN OF FUNCTION: MRNA, D.A.R.P.A. & THE PFIZER PAPERS
15.6K4 -
2:14:01
Fresh and Fit
7 hours agoDr. Disrespect Moves To Rumble!
66.4K31 -
6:14:53
Akademiks
10 hours agoDrake Sued his Label for Botting Kendrick Lamar Streams to 'End Him'. Kendrick Drops new video!
74.8K12 -
0:46
Dr Disrespect
16 hours agoIt's not just a stream... it's an experience
342K1.76K