Женски Економски Форум на тема: „Финансиска писменост“

1 year ago
6

Во организација на „Јас Сум Жена“ и „Global Shapers Skopje Hub“, на 2 април, 2023 година се одржа првиот Женски Економски Форум на тема: „Финансиска Писменост“.

На овој форум, учесниците имаа можност да се запознаат со тековните Банкарски трендови, слушнаа корисни совети директно од креаторите на монетарната политика на Македонија; дознаа зошто е потребна финансиска едукација на целокупното население во Македонија и низ интерактивен дел, имаа можност да изработат личен финансиски акционен план.

Настанот се одвиваше по следната агенда:

Панел дискусија: „Банкарски трендови и совети"

Панелистки:
м-р Емилија Нацевска - Вицегувернерка на НБРМ
м-р Татјана Славеска - генерална директорка на банкарство на мало за регион Скопје, Куманово и Крива Паланка

Предавање на тема: „Потребата од финансиска писменост во Македонија" со главната говорничка м-р Маја Кадиевска Војновиќ.

Работилница „Управување со лични финансии" во реализација на Global Shapers Skopje hub.

#ЖенскиЕкономскиФорум2023 #ФинансискаПисменост
www.jassumzena.mk

Loading comments...