Боже, борбата ги надминува моите сили.

2 years ago
2

Господи борбата ги надминува моите сили, единствено што ми остана е уште надежта дека нема да ме оставиш.

Борбата е толку исцрпувачка, чинам се борам со ламја една глава сечиш две растат, двете ги сечиш четири растат. Боже дојди на припомош оти силите ме напушаат и ќе бидам посрамен пред непријателот, а нивните горделиви срца ќе извикуваат каде е неговиот Бог?

Не ме оставај , помогни му на Твојот слуга кој е спремен и животот да го положи доколку Ти тоа од него го побараш.

Но Господи не дозволувај да бидам посрамен пред моите непријатели кои фалејќи се со Твоето име пред народот и така тие го уриваат Твојот дом.

Срцето ќе ми препукне поради неправдата и лукавоста која ја гледам и слушајќи како го заведуваат народот преку Твоето име и го испраќаат во устата на ламјата.

Немој да бидеш милостив крени ја Твојата десница и брзо уништи ги лукавите кои темелите на Твојот дом ги поткопуваат.

Безаконијата толку многу се намножиле што срцето мое од соблазните кои ги гледа умира секој ден.

Боже, борбата ги надминува моите сили затоа сета надеж на Тебе ја полагам.

Стани Господи и помогни му на твојот слуга и избави го Твојот народ кој е заведен од змии породи.

Им говорам но не ме слушаат, плачам но не ме гледаат им пишувам но не ме разбираат.

Затоа Господи испрати ни го Твојот благослов и Твојата благодат да ги вразуми срцата на заблудените та моите зборови да не биат напразно и моите солзи да не пропаѓаат залудно.

Господи дојди помогни му на Твојот слуга.

Со љубов ваш брат Македонец во Христос

Loading comments...