Прва Женска Лидерска Конференција во Македонија „Јас Сум Жена“ Втор Ден - 21 Јули 2022

1 year ago
100

Првата Глобална Женска Лидерска Конференција во Македонија "Јас Сум Жена" се одржа на 20 и 21 Јули, 2022 година во МКЦ - Кино Фросина, Скопје, во организација на 3 млади жени, ентузијасти за унапредување на правата и положбата на жените во Македонија: Ана Дукоска, основачка на иницијативата „Македонците во светот“, Илина Пејоска Затуроски, UI/UX дизајнерка и сопственичка на мал бизнис БЕБЕБОКС ДООЕЛ и Катерина Климовска, претседателка на ИСЛАА - алумни асоцијацијата на шолата за млади лидери Иванов.

Втор Ден Агенда:

17:00 – Регистрација

18:15 – Трет Панел – Македонки - Креаторки на Јавни Политики со Ана Дукоска: Македонски жени, креаторки на стратегии, носителки на одлуки, лидерки на државни, јавни функции во Македонија.

Панелистки:
* Рашела Мизрахи - Пратеничка во Собрание на Република Македонија
* Габриела Кулебанова - Потпретседателка на Сојуз на Стопански Комори на Македонија

19:15 – Пауза

19:45 – Четврти Панел – Македонки во бизнис и мултимедија со Илина Пејоска Затуроски: Македонски жени кои ги следат и имплементираат најновите техички, дигитални и комуникациски светски трендови, сопственички на бизнис и лидерки во мултимедијалниот сектор.

Панелистки:
* Костандина Зафировска - Генерална директорка во IT Labs
* Искра Коровешовска - Доктор по комуниколошки науки и Уредничка во ТВ Алфа
* Олга Рајчиќ - Основачка на CHALLENGER

21:00 – Коктел и Ексклузивна изложба на модни креации на Силвија Михајловска – Алшар

Од Жена за Жена, ја градиме мрежата на силни Македонки кои меѓусебно ќе си помагаат, ќе се надоградуваат, ќе се усовршуваат, ќе бидат ментори на идни успешни Македонки.

#ЈасСумЖена2022
www.jassumzena.mk

Видео и постпродукција: Цветко Стојановски и Ирена Белул
Музика: Mitan Project - Мите Димовски

Loading comments...