ТУРИСТИЧКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА МАКЕДОНИЈА | Документарен филм

2 years ago
542

Туристот на 21 век ретко е информиран за туристичкиот потенцијал на „папокот на светот – katana mundi“, древната Македонија. На територијата каде што се наоѓа денешната Република Македонија, уште од дамнешни времиња поминувале, доаѓале, останувале разни патници намерници, буквално од сите краишта на светот. Патеписците во своите написи ги поставиле основите на денешната туристичка географија како научна дисциплина. Трговците, во потрага по нови пазари за снабдување и продавање, практикувале бизнис-туризам уште пред нашата ера. Македонија била посетувана, е посетувана, и допрва ќе го привлече вниманието на многу патници и туристи од целиот свет. Географската положба, климатските услови, природните ресурси и културното наследство се концентрирани на една навидум мала територија, држава Македонија во која можат да се посетат места коишто се ретки не само во регионот, туку и во целиот свет...

#ПродукцијаАристон #ТелевизијаСонце #Македонија #VisitMacedonia #Macedonia #Makedonija #TravelToMacedonia #BeautifulMacedonia #AncientMacedonia #TelevizijaSonce #AristonProduction

Loading 1 comment...